ИТ Новости - Хардвер

Toshiba Kira ultrabook со батерија до 22 часа

Компанијата Toshiba го претстави новиот модел Dynabook KIRA V654 со најистакнатата карактеристика 22 часа трајност на батеријата. Компјутерот е 13 инчен со резолуција 1366 x 768. Екранот е без допир и тежи 1.12 килограми. Постои можност за екран со повисока резолуција 2560 x 1440, но батеријата ќе држи двојно помалку. Веќе е излезен на пазарот во Јапонија по цена од 1445 долари.

Прочитајте повеќе...

Toshiba Kira ultrabook

Western Digital развиваат хард диск со капацитет 60TB

Благодарение на HAMR (heat-assisted magnetic recording) технологијата, капацитетот на дисковите може да се зголеми до 6 пати. Оваа технологија е откриена од Seagate, но Western Digital веруваат дека можат да ја искористат во пракса. Дисковите ќе бидат со капацитет од 60TB и се очекува да бидат на пазарот до 2016.

Прочитајте повеќе...

 

AMD најавија графичка картица со 12GB меморија

Најавена е нова графичка картица од AMD, серија FirePro S10000. Покрај другите перформанси како PCIE 3.0, DDR5 графичката картичка ќе биде со 12GB меморија.


Прочитајте повеќе...

 

Прво видео кое ја открива работата на LG G Flex

Прво видео кое ја открива работата на LG G Flex

 

LG G Flex освои голем број на симпатии уште пред еден месец кога беше само прикажан од страна на LG Electronics како одличен смартфон со заоблен и флексибилен екран(до одредена мера). Смартфонот најпрво ќе биде лансиран во домашната Јужна Кореја и поширокиот азиски регион, додека пак наскоро се очекува и неговата глобална промоција.
 
 
Сепак најпрво да видиме што нуди овој интересен и необичен смартфон. Според видеото LG Electronics има применето сосема нов кориснички интерфејс и софтвер кој е подреден да работи во склад со флексибилниот екран. 
 
 

Спремни за DDR4?

DDR4 мемориите ќе излезат на пазарот многу побрзо од очеувањето. Меморијата е двојно побрза, 20% помала потрошувачка, двојно помали чипови. Се очекува на пазарот на почеток на 2014.

Прочитајте повеќе...